Утрински Весник
Свет

Поведена е постапка против 30 лица кои ја пренесоа веста дека Ердоган починал

Поведена е постапка против 30 лица кои ја пренесоа веста дека Ердоган починал

Турските власти покренаа правна постапка против 30 лица поради објавата на Твитер дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наводно починал.

Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите.

Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење дезинформации и манипулативна содржина, како и за навреда на Ердоган, пренесуваат агенциите.

Твитовите, како што пишуваат медиумите во светот, уследиле по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган и неодамнешното видео на кое било прикажано како турскиот претседател се движи непредвидливо и тешко.

Можете да прочитате

Русија со балистички напад врз Киев, погодена станбена зграда

Тајфун ја погоди јужна Кина, евакуирани над 715.000 луѓе

Беснеат пожари во Шпанија и Франција, евкауирани над 300.000 луѓе