Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го крши Уставот во општина Кисела Вода

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го крши Уставот во општина Кисела Вода

Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локални ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, реагираат од страна на СДСМ.

Додаваат дека по Штип и Аеродром, денеска истото се случило и во Кисела Вода.

„Со непочитување на уставното име на државата во Општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го прекршуваат Уставот на државата.
Свечените изјави каде намерно не е наведено уставното име се нелегитимни и истите не се потпишани од советниците од СДСМ и коалицијата кои ја напуштија седницата на Советот“, се додава во писменото соопштение од СДСМ.

СДСМ и коалицијата, велат од таму, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат, како што напоменуваат, во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години, стои во писмениот допис од партијата.

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско