Утрински Весник
Македонија

Петмина Кривопаланчани казнети за неносење маска

Полицискиот час не го почитувале 46 лица, од нив 41 се приведени

Крива Паланка, 3 јуни 2020 ( МИА) – Од почетокот на месец јуни, пет лица од Општина Крива Паланка добиле прекршочни пријави за неносење заштитни маски.

– Контролите на службените лица од Министерството за внатрешни работи се интензивни и засилено е присуството на терен со цел контролирање на граѓаните во однос на почитување на препораките и мерките изречени од службите во периодот на пандемијата. Истите од почетокот на месец јуни на подрачјето на ОВР – Крива Паланка регистрирале пет случаи на неносење маски и издадени се пет прекршочни платни налози, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР – Куманово.

Во наведениот период, на подрачјето на ПС Кратово нема регистрирани случаи со Ковид-19. ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 18 часот регистрирани шест пожари на отворено

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

Мицкоски: И во јунскиот извештај за Реформската агенда ќе бидеме првопласирани,