Утрински Весник
Свет

Песков: Разговорот меѓу Путин и Бајден покажа почит

Песков: Разговорот меѓу Путин и Бајден покажа почит

Џо Бајден не се плашеше од претседателот Владимир Путин, а за време на разговорите имаше взаемно почитување, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пишуваат светските агенции.

„На крајот од средбата, нашите американски колеги почнаа да шират некои страшни работи за тоа како Бајден го исплашил Путин. Тоа не е точно“, рече Песков, пренесува агенцијата Тас.

„Разговорот покажа взаемна почит. Не можете да разговарате со Путин поинаку, во тој случај тој немаше да одговори на поканата“, додаде Песков.

Можете да прочитате

Макрон вечерва се обрати до нацијата – Никој нема право да ја уништува Франција

Трамп за насилните протести: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Украина соопшти дека дроновите во воздрушниот простор на Литванија можеби биле нејзини