Утрински Весник
Магазин

Пенелопе Круз импресионира во црн фустан од Шанел

Пенелопе Круз зрачеше со гламур на премиерата на филмот „Официјален натпревар“ (Official Competition) во вторникот во Менхетен, во рамки на филмскиот фестивал Трибека.

48-годишна оскаровка воодушевува со својата оригиналност додека позира на црвениот тепих пред Центарот за сценски уметности „Трибека“.

Пенелопе изгледа фантастично во црн, светкав фустан Шанел со еден ракав, во комбинација со соодветен накит и чевли по избор на стилистката Кристина Ерлих.

Круз (родена како Санчез) е официјален амбасадор на брендот „Шанел“ веќе неколку години. Таа почна да работи со луксузната француска модна куќа уште во 1999 година.

Можете да прочитате

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца

Зошто жените живеат пет години подолго

Од Хановер до Кина, 18.000 километри на велосипед низ 19 држави – луѓето се најпријатното изненадување