Утрински Весник
Магазин

Русија ги лансира првите 16 сателити „Рассвет“, како противтежа на „Старлинк“

Satelit.png

Руската приватна воздухопловна компанија „Биро 1440“ денеска го објави испраќањето на првата серија од 16 сателити „Рассвет“ во ниската орбита, коишто се сметаат за одговор на противтежа, кон американската „Старлинк“ сателитска мрежа.

„Лансирањето на првите сателити во целната констелација го означува преминот од експерименти кон создавање комуникациска услуга“, се соопштува, додавајќи дека тимот го завршил патувањето за 1.000 дена.


Вселенското летало вчера успешно ги поставило сателитите на првата точка. Следи завршната проверка и лансирање на градивни системи, се вели во соопштението на „Биро 1440“ објавено на „Телеграм“. Следната фаза е распоредување на „стотици сателити со десетици лансирања“ во руската ниска орбита за глобална комуникациска услуга. Сателитите „Рассвет“ се наменети да обезбедат пристап до интернет насекаде на Земјата, додаде компанијата. Досега имаше шест сателити „Биро 1440“ во орбитата, лансирани како дел од две експериментални мисии.

– Ќе одговориме на „Старлинк“ со проектот „Рассвет“ од „Биро 1440“. Ќе имаме и широкопојасни комуникации во ниска орбита, изјави извршниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Баканов, во мај минатата година.

Според плановите на компанијата, комерцијалната услуга е закажана за во 2027 година, до кога би требало да имаат повеќе од 250 сателити во орбитата. До 2035, мрежата би можела да достигне 900 сателити, објави државната „Росијскаја газета“.

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност