Утрински Весник
Македонија

Пендаровски телефонски разговарал со Албин Курти за пандемијата, билатералната и регионалната соработка

Пендаровски телефонски разговарал со Албин Курти за пандемијата, билатералната и регионалната соработка

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска имал телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должноста премиер на Република Косово.

Во разговорот, на барање на косовската страна, соопшти кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Курти размениле мислења и информации поврзани со билатералните односи меѓу двете соседни земји, како и за актуелните политички состојби во регионот на Западен Балкан.

– Соговорниците исто така разговараа и за пандемијата на КОВИД-19, мерките кои се преземаат во двете земји за заштитата од коронавирусот и справувањето со последиците од пандемијата. Во таа насока беше заклучено дека од големо значење е соработката меѓу земјите на билатерална и регионална основа, како и поддршката која Европската Унија ја пружа на регионот со цел закрепнување од кризата, не само на здравствен, туку и на економски план, стои во соопштението. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цеков: Селективна правда наместо борба против криминалот

Синдикатите во Македонија: Од заштитници на работникот до сенки на системот

10 месеци затвор за Костадинова за злоупотреба на европски средства