Утрински Весник
Македонија

На 612 прилепски семејства доделени им се 4,5 милиони денари еко-субвенции

На 612 прилепски семејства доделени им се 4,5 милиони денари еко-субвенции

Стасани се парите на личните сметки на 612 прилепски домаќинства кои аплицираа на јавниот повик за субвенции на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди, согласно критериумите од јавниот повик на Општина Прилеп, а со цел да се намали аерозагадувањето во градот и да се подигне еколошката свест и совест кај граѓаните.

„Со издвојување на 4,5 милиони денари од буџетот на Општината, директно придонесовме за заштеди во семејниот буџет, за подигнување на јавната еколошка свест и совест и заштитата на животната средина“, изјави на прес-конференција градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Според податоците, од поднесените 335 барања за користење бенефиции за клима уреди, критериумите ги исполниле 307 домаќинства, а од доставените 315 барања за надомест на дел од трошоците за велосипед, не се одобрени само оние што не  исполниле критериуми од огласот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Цеков ја напушти ЗНАМ: „Ова не е партијата што ја ветивме“

Цеков: Селективна правда наместо борба против криминалот

Синдикатите во Македонија: Од заштитници на работникот до сенки на системот