Утрински Весник
Свет
Img 7972

Париз ќе ја ограничи дозволената брзина на улиците на 30 километри на час

Париз ќе ја ограничи дозволената брзина на улиците на 30 километри на час
300x250 opst2

Париз ќе воведе ограничување на брзината од 30 километри на час до крајот на август за скоро сите градски улици, во обид да го намали бројот на несреќи и бучавата, додека градот се прилагодува за борба против климатските промени.

Градоначалничката Ан Идалго, од редовите на социјалистите, која има намера да се кандидира за претседател следната година, вети дека ќе ја намали површината на јавниот простор што е допуштен за автомобили во еден од најфреквентните градови во Европа.

Веќе околу 60 проценти од улиците во главниот град имаат ограничување од 30 километри на час, а откако Идалго стапи на должноста во 2016 година, многу улици се сведени само на една лента или целосно наменети за пешаци. По август, само главниот сообраќаен прстен околу Париз и главните булевари и сообраќајни артерии ќе бидат дозволени за поголема брзина, најави заменик-градоначалникот од редовите на Зелените, задолжен за сообраќај, Давид Белијар.

„Клучот е да се намали просторот окупиран од автомобилите, што вклучува и намалување на нивната брзина“, додаде Белијар, истакнувајќи дека ова ги прави улиците побезбедни за велосипедистите и пешаците.

Мерката е донесена во време кога Идалго се обидува ги да спроведе плановите за отстранување на 60.000 од приближно 140.000 градски паркинг места.

Мотоциклите и скутерите, на кои им е дозволен бесплатен паркинг, исто така ќе треба да започнат да плаќаат следната година, кога ќе се зголемат и цените за паркирање на автомобили.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија