Утрински Весник
Македонија

Охриѓанката Нацева донира маски и ракавици за полицајците

Охриѓанката Нацева донира маски и ракавици за полицајците
Ss2

Кичево, 4 април 2020(МИА) – Претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Регион Охрид, но и портпарол на СВР Охрид Стефан Димоски, објави дека Елица Нацева од охридското село Подмолје, се вклучува во иницијативата на ИПА Регион Охрид, за набавка и дистрибуција на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, наменета за полициските службеници.

Тој вели дека нејзиниот хуман гест е исклучително значаен, бидејќи Елица, од својата скромна пензија, одлучи да издвои парични средства и преку ИПА Регион Охрид, на полициските службеници да им подари 100 високо квалитетни и повеќенаменски заштитни маски, како и 200 заштитни ракавици, вели Димоски.

300x250 (7)

Елица Нацева истакнува дека во знак на солидарност, донирам мала помош но од срце и со голема почит и поддршка кон полицајците кои, покрај лекарите и војниците, и по цена на нивното здравје, дење и ноќе се ангажирани да придонесат за поголема заштита на нас граѓаните од коронавирусот, вели таа.

Димоски доваде дека деновиве, заштитните маски ќе бидат дистрибуирани до полициските службеници на терен кои преземаат бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

-Во овие тешки денови на пандемија, кога смртоносниот вирус коси низ Северна Македонија и светот, овој голем хуман и солидарен гест на Елица Нацева е вреден за почит. Донацијата ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни маски и заштитни ракавици и ќе го зголем степенот на безбедност во нивната работа но и за зачувување на нивното здравје, додава Димоски.рф/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани