Утрински Весник
Спорт

Брајант, Данкан и Гарнет – официјално нови членови на Куќата на славните

Брајант, Данкан и Гарнет – официјално нови членови на Куќата на славните
300x250 (7)

Лос Анџелес, 4 април 2020 (МИА) – Легендарните НБА играчи Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин Гарнет се на официјалниот список на потенцијалните новодојденци во „Куќата на славните“ во 2020 година.

Кошаркарската „Куќа на славните Нејсмит“ денес официјално го објави списокот на сите финалисти во 2020 година.

Ss1

Покрај Брајант, Данкан и Гарнет, во неа ќе влезат и познатата женска кошаркарка во НБА, Тамика Качингс, како и четири познати тренери: Руди Томијанович, Ким Малки, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

Брајант постхумно ќе стане член во Домот на славните. Легендарниот кошаркар на Лејкерс почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари