Утрински Весник
Македонија

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Општина Чашка ја расчистува вегетацијата покрај локалната и регионална патна инфраструктура

Велес, 19 јуни 2020 (МИА) – ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка со новото возило за чистење на вегетација што беше набавено мината година, започна со чистење на бујната пролетна вегетација покрај локалната и регионалната патна инфраструктура низ населените места во општина Чашка.

Како што потенцира градоначалникот Горан Стојановски, чистата и безбедна патна инфрастуктура е врвен приоритет на општина Чашка.

– Преку расчистување на вегетацијата покрај сите локални и регионални патни правци ние како Општина се грижиме за безбедноста на возачите кои сообраќаат на патиштата во Општина Чашка,потенцира Стојановски. ад/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас кај Богданци, две лица загинале во опожарено возило

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје

Зајкова: Ако законот не се почитува, правдата ќе ја тераме преку суд