Утрински Весник
Македонија

Општина Велес ги дезинфицира улиците од високите делови на градот и во селата

Општина Велес ги дезинфицира улиците од високите делови на градот и во селата

Велес, 19 март 2020 (МИА) – Општина Велес и ЈКП „Дервен” продолжуваат со спроведување на активностите за превентивна дезинфекција на јавните површини на целата територија на општината.

По завршувањето на дезинфекцијата на јавните површини во централното градско подрачје и главните инфраструктурни објекти во општината, активностите продолжуваат со дезинфекција на главните пристапи во селата, како и во високите делови на градот и населбите кои се на крајот од градот.

Како што информираат од Општина Велес, завршена е дезинфекцијата во селата Горно Оризари, Башино Село, Бузалково, Раштани и Отовица, а денес се спроведуваат активности за миење на улиците со средство за дезинфицирање во населените места Иванковци, Мамутчево и Чалошево.

Поради рачистување на наноси, во населеното место Сујаклари, ангажирана е и дополнителна механизација.

Во текот на вчерашниот ден, Општина Велес започна со дезинфекција на улиците во повисоките зони на градот. По дезинфицирањето на улиците „Белградска”, „Васил Главинов”, „Киро Ќучук”, „Осма велешка бригада” и „Костурска”, активностите за дезинфицирање денеска продолжуваат на улиците „Живко Фирфов”, „Славко Ѓоргиев Сватот”, „Луј Пастер” и „Индустриска”.

Денеска завршија и активностите од првото дезинфицирање на парковските површини и детските игралишта, во паркот во СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, во паркот и зелените површини во Комплекс „УЗУС”. Воедно, Општина Велес врши дезинфекција и на урбаната опрема на јавните површини. ад/вј/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”