Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел ги дезинфицира јавните површини

Општина Бутел ги дезинфицира јавните површини

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Изминатава недела Општина Бутел ги вклучи сите свои ресурси во спречувањето на ширењето на коронавирусот, информираат од оваа скопска општина.

– Заедно со сите општествено одговорни компании кои гравитираат на локалниот пазар, беа дезинфицирани маркетите и тезгите на Скопски пазар . Во оваа активност Општина Бутел учествуваше со човечки ресурси и пумпи, а компаниите со средства за дезинфицирање.  Се изврши и дезинфекција на фреквентните  сообраќајници  и урбаната опрема во населбата Радишани, с. Радишани, Скопје – Север и  Бутел 1, информираат од Општина Бутел.

Дезинфекцијата на јавните површини и урбаната опрема, од Општина Бутел најавуваат дека продолжува и во наредните денови. оџ/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот