Утрински Весник
Македонија

Бесплатна линија за пријавување непочитување на препораките за заштита од коронавирусот

Бектеши: Фонд за поддршка на туризмот, забрана за извоз на брашно и кол центар во Пазарниот инспекторат

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Граѓаните од понеделник ќе можат да пријават непочитување на препораките од Владата за заштита од коронавирусот на бесплатната линија 191. Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување на цените на основните производи.

Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, веднаш по пријавувањето екипи на Државниот пазарен инспекторат ќе се упатат на терен за да ја утврдат состојбата.

Тој ги потсети трговците дека за непочитување на препораките ќе им следи казна од 5.000 евра, како и казна затвор до една година согласно членовите 205 и 206 од Казнениот законик. вј/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно време со дожд и снег на планините

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно” за богатење на вашите сопартијци