Утрински Весник
Култура

Омаж на филмови на Јане Алтипармаков на „Скопје Синема Сити“

Со ретроспективата на музички документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби:Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“.

Фестивалот, кој започна со изложба на фотографии од Ник Кејв на Немања Ѓорѓевиќ и филмот „Ник Кејв: 20.000 денови на земјата“ му оддаде почит на Кејв кој е артист во фокус на фестивалот.

На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмови на Алтипармаков „Гето 103,“ „Фолтин се јави,“ „Бадмингтонс“ и „The Hip Overdrive.“ Повеќето од овие филмови се исчезнати од архивата на МРТВ и ова е последна можност да се видат од личната архива на Алтипармаков.

Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“