Утрински Весник
Култура

Од Ковид-19 почина актерот Љуран Ахмети

Од Ковид-19 почина актерот Љуран Ахмети
Ss2

Македонскиот актер со меѓународно реноме, Љуран Ахмети, ја загуби борбата со коронавирусот.

46-годишниот актер, кој е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети, освен во многуте театарски претстави, филмови и кратки филмови, во изминатите години глумеше и во некои од најпознатите серии во Турција.

Ss1

Во 1998 година Ахмети имаше забележителна улога во европскиот филм „Куклена претстава“. Во изминатите неколку години тој беше најпрепознатлив како еден од ликовите во многу популарни турски серии, во некои од кои можеше да го гледа и македонската публика.

Љуран Ахмети зад себе ги остави сопругата и ќерката, сестрата и родителите.

Текстот Од Ковид-19 почина актерот Љуран Ахмети е превземен од МАКФАКС.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“