Утрински Весник
Македонија

Одбележување на 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Одбележување на 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа крај Мостар, делегации од Кабинетот на шефот на државата денеска положија цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Цвеќе беше положено и на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале