Утрински Весник
Спорт

Огромната плата на Гризман го блокираше Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид го доведе првиот играч во овој преоден рок. Станува збор за 33-годишниот белгиски играч за врска Аксел Витсел кој како слободен играч пристигна од Борусија Дортмунд. Сепак, „Марка“ тврди дека Атлетико не може да го регистрира својот нов фудбалер. Причината е од финансиска природа.

Имено, Атлетико е во „дебел минус“ кога е во прашање финансискиот фер-плеј, а трошоци се надминати за цели 100 милиони евра од дозволеното. Слична е ситуацијата и во Барселона, која не може да ги регистрира новите играчи, Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

За да ја олесни ситуацијата, Атлетико е подготвен да го продаде Антоан Гризман, чија плата е преголем товар за клубот. Подготвени се да го ослободат Французинот за 40 милиони евра, а со тоа би се ослободиле од неговата плата која изнесува околу 30 милиони евра по сезона.

> Огромната плата на Гризман го блокираше Атлетико Мадрид <

Можете да прочитате

Златната топка на Марадона од 1986 ќе се продава на аукција во Франција

Златната топка на Марадона оди на аукција, се очекуваат милиони

Одбиена жалбата на Нотингем Форест