Утрински Весник
Македонија

Обновен дел од оградата на Бунари Нерези

Обновен дел од оградата на Бунари Нерези

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска во соработка и координација со Град Скопје, а во изведба на Сектор Механизација и работниците од Одделението за градежно одржување, го порамни земјиштето и постави нови столбови и жица, кај делот од оградата на Бунари Нерези која беше оштетена при изведување на активностите за изградба на паркот на кејот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Објектот Бунари Нерези е обезбеден од неовластен пристап, а ова е само привремено решение со цел заштита на објектот. Конечното решение за оваа ограда, со која се обезбедува и ограничува пристапот до објектот Бунари Нерези, ќе се дефинира по завршување на активностите за изградба на паркот. Тоа е директно поврзано и зависи од нивото на паркот кое врз основа на плановите може да се подигне за 1.5 м., појаснуват од ЈП Водовод и канализација – Скопје. оџ/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свеќи и транспаренти за Билјана – граѓани излегоа на мирен протест во Богданци

Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе од Владата ако правосудниот испит се полага и на албански

Од Прилеп во 10, од Охрид во 11, од Ресен во 12 часот – распоред за превозот до Алта банка