Утрински Весник
Магазин

Обидот на Кендал Џенер да исече краставица предизвика бројни коментари

Социјалните мрежи се преполни со коментари, повеќето негативни, откако се појави видео на кое се гледа како Кендал Џенер сече краставица.

26-годишната манекенка очигледно не знае да користи нож за да да го исече зеленчукот.

Видеото е извадок од семејното ток-шоу „Кардашијанс“ кое се емитува на мрежата „Хулу“, и не е познато зошто полусестрата на Ким решила да ги демонстрира своите кулинарски невештини пред камерите.

Во најновата епизода, Кендал доаѓа во вилата на својата мајка во Калабасас и сфаќа дека е гладна, па сака да си направи нешто за грицкање. Таа го одбила предлогот на мајка ѝ готвачот да ѝ приготви нешто за јадење и рекла дека може сама да си подготви оброк бидејќи сечењето краставица не е тешко. Како што се испостави, не ѝ било лесно.

Гледајќи ја ќерка си како се мачи, Крис го праша готвачот: „Ќе ѝ го пресечеш ли ова?“ Кендал го одби предлогот.

Видеото предизвика бројни коментари: „Пред еден час ја гледав Кендал Џенер како се обидува да исече краставица. Се чувствувам малку супериорно.“

„Ова е трагично!“

„Опседната сум со обидот на Кендал Џенер да докаже дека не е разгалена богаташка која за малку ќе го изместеше рамото обидувајќи се да исече краставица.“

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување