Утрински Весник
Спорт

Обамејанг е целосно здрав, дали сега Арсенал ќе го продаде?

Обамејанг е целосно здрав, дали сега Арсенал ќе го продаде?

Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерк Обамејанг вели дека добил „зелено светло“ да се врати на тренинзи и на работа по проверката на срцето откако се врати од Африканскиот куп на нации.

Обамејанг беше со Габон на АФЦОН во Камерун, но откако беше позитивен на КОВИД-19, од Габонската фудбалска федерација потврдија дека има „неправилности“ со неговото срце и затоа тој беше ослободен од репрезентативните обврски.

„Здраво момци, се вратив во Лондон за дополнителни проверки и среќен сум да ве известам дека моето срце е апсолутно добро и дека сум целосно здрав. Навистина ги ценам пораките за поддршка кои ги добив последните денови“, напиша Обамејанг на Инстаграм.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета во декември му ја одзеде капитенската лента на Обамејанг поради дисциплински причини и го исфрли од првиот тим, така што се верува дека „топчиите“ ќе се обидат да го продадат во јануарскиот преоден рок, со Јувентус и Барселона како заинтересирани клубови.

View this post on Instagram

A post shared by Pierre-Emerick Aubameyang (@auba)

Обамејанг пратен дома по компликациите по инфекцијата со КОВИД

> Обамејанг е целосно здрав, дали сега Арсенал ќе го продаде? <

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка