Утрински Весник
Свет

Нултиот пациент на новиот бран во Кина, беше во карантин четири недели па го рашири вирусот

Нултиот пациент на новиот бран во Кина, беше во карантин четири недели па го рашири вирусот
Ss2

Мажот кој помина 21 ден во задолжителен карантин по враќањето во Кина од странство, беше означен како нулта пациент на новиот бран.

Во провинцијата Фуџијан на југоисточниот брег на Кина, повеќе од 60 луѓе се новозаразени, вклучително и 15 ученици од основно училиште.

Ss1

Новите инфекции за првпат беа откриени кај двајца браќа за време на рутинско тестирање во основно училиште во округот Ксиан, во близина на градот Путијан. Друг ученик и тројца родители беа позитивни следниот ден.

Експертите што ја советуваат владата рекоа дека еден од родителите, таткото кој неодамна се врати од Сингапур, е најверојатниот изворот на инфекцијата, и покрај фактот што тој беше во карантин по неговото пристигнување во Кина.

Човекот пристигнал во Ксиамен, главниот крајбрежен центар во Фуџијан, на 4 август, каде што престојувал во задолжителен хотелски карантин 14 дена. Потоа, тој поминал уште една недела во централизиран карантин на одредена локација во градот, пред да се врати во својот дом, каде што имал здравствена контрола, уште една недела.

Тој, како што пишуваат тамошните медиуми бил тестиран на вирусот девет пати во текот на тринеделниот карантин, пред да биде позитивен во петокот, 37 дена по влегувањето во Кина.

Ограничувањата во Кина и задолжителните услови за карантин за пристигнување од странство се едни од најстрогите во светот.

Кинеските власти не откриваат кога, каде и како човекот го добил вирусот, но периодот на инкубација подолг од 21 ден е многу невообичаен. Истражувачите од провинцискиот Центар за контрола и превенција на болести во Гуангдонг откриле дека делта-сојот има просечен период на инкубација од четири дена.

Инфекциите се проширија и во други градови во провинцијата. Кинеската национална здравствена комисија во понеделникот објави дека се регистрирани шест локално пренесени случаи во Квангжу.

Локалните власти реагираа со ставање десетици милиони жители во строг карантин, спроведување масовни тестирања и мониторинг кампањи и ограничување на патувањата.

Кон крајот на август, здравствените власти објавија дека епидемијата е ефикасно ставена под контрола. Иако стратегијата изгледаше успешна, експертите велат дека на кинеските власти им требало повеќе време за да ја вратат инфекцијата на нула во споредба со претходните епидемии.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум