Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Pozhar.webp.webp

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани – горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Можете да прочитате

ОЈО со детали за двојното убиство во Стајковци

Вашингтон загрижен поради усвојувањето на контроверзниот закон за странско влијание во Грузија

Јакимовски обвинува за изборна кражба и најави кривична против Даштевски и ДИК