Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време со температури до 32 степени

Сончево и топло време со температури до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец.

Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Следува период на значително топло време за овој период од годината.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница