Утрински Весник
Македонија

Нова владина одлука- се спречува злоупотребата на службени возила

Нова владина одлука- се спречува злоупотребата на службени возила

​На денешната владина седница е донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.

„ Со новите одре​д​би, секое користење на службенте возила мора да e одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности“ изјави заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски.

Како што појаснува, одлуката е направена така што ги елиминира потенцијалните злоупотреби на службените возила, односно користењето на јавните ресурси за приватни цели. Новиот систем за следење на користењето на службените возила и начинот на кој ќе се обезбедуваат дозволите за користење, овозможува лесно детектирање на неправилностите и нивна санкција, додава Николовски.

Во изминатиот период се донесе и одлуката со која се ограничуваат тро​ш​оците за угостителски услуги за работни состаноци од страна на носителите на јавни функции, а со измените и дополнувањата на Законот за јавни претпријатија се ограничуваат надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори и се намалува на бројот на членови на управни и надзорни одбори.

Можете да прочитате

16 годишно момче починало на скопските клиники откако претходно било донесено во бессознание

Гостивар утре добива технички исправна вода, најави Мицкоски

Возач на трактор загинал кај Градско