Утрински Весник
Македонија

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање“, се додава во информацијата од Клиниката за инфективни болести.

Во моментов, појаснуваат од таму, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.

„До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници“, е нагласено во соопштението.

Можете да прочитате

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така ќе растат пензиите

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо