Утрински Весник
Македонија

Нема повредени, само материјална штета во пожарот во викенд населбата во Кавадарци

Нема повредени, само материјална штета во пожарот во викенд населбата во Кавадарци

Кавадарци, 14 април 2020 (МИА) – Локализиран е пожарот во викендичка во викенд населбата кај Кавадарци, во месноста Катуниште и подножјето на висорамнината Витачево.

Од Територијалната противпожарна единица информира дека за среќа, повредени нема. Причинета е само материјална штета, чија висина дополнително ќе се утврдува.

На лице место интервенираа седум пожарникари со три возила.

Од Територијалната противпожарна единица, која во овој период, покрај при пожари, е ангажирана и при дезинфекција и аеродезинфекција во општината, упатија апел до кавадарчани и росоманци да бидат внимателни, се со цел превентивно да делуваат, за да нема појава на пожари. свд/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“

Мечка угината во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово