Утрински Весник
Спорт

На Клоп му било понудено да го предводи Мексико

На Клоп му било понудено да го предводи Мексико

Мадрид, 7 мај 2020 (МИА) – Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп во 2015 година можел да стане селектор на репрезентацијата на Мексико.

Според АС, претставниците на фудбалската федерација на земјата преговарале со него, откако се дознало за неговото заминување од Дортмунд Борусија. Сепак, Клоп го одби Мексико и ја прифати тренерската функција во Ливерпул.

Минатата сезона Клоп на Ливерпул му го донесе трофејот од Лигата на шампионите, а оваа, која е во прекин поради пандемијата на коронавирус, неговите избраници се убедливо први во пласманот на Премиер лигата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години