Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 920 пациенти

Во Македонија 1.160 нови случаи на  коронавирус, 30 лица починаа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според извештаите на министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од оваа институција.

Можете да прочитате

Кузмановска: Претседателот на СДММ прераспределен од Штип во Берово затоа што не молчи

ТХП: Повторно да се разгледа Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, да се земат предвид и предлозите на малобројните етнички заедници

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами