Утрински Весник
Спорт

Наковска-Бикова шеста на Параолимписките игри во Токио

Наковска-Бикова шеста на Параолимписките игри во Токио

Единствената македонска претставничка на Параолимписките игри во Токио, Оливера Наковска-Бикова, го освои шестото место, во финалето, во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска-Бикова, во финалето влезе од осмата позиција, на крајот со резултат 147,9 заврши на шестото место.

Првото место во оваа дисциплина го освои Иранката Јаванмарди, второто место и припадна на Турчинката Пехливанлар, додека бронзата заврши кај Унгарката Давид.

Оливера Наковска-Бикова во наредните денови ќе настапи во дисциплините 25 и 50 метри пиштол.

> Наковска-Бикова шеста на Параолимписките игри во Токио <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија