Утрински Весник
Македонија

Над 150 сообраќајни казни за еден ден во Скопје, најмногу за брзо возење

Над 150 сообраќајни казни за еден ден во Скопје, најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 9 за возење под дејство на алкохол, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 3 мерки за неносење на сигурносен појас, 7 за возач почетник, 8 за користењена мобилен телефон, 21 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот и придонес кон посигурни патишта.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут