Утрински Весник
Македонија

Мухамед Зекири и неговото семејство хоспитализирани, но се во добра здравствена состојба

Зекири: Сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството
Ss2

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани во болница и тие се во добра здравствена состојба. Имаат стабилна форма на болеста само со висока температура, рече вечерва на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање каква е здравствената состојба на јавните личности кои беа во контакт со Зекири, и каква е неговота состојба и на неговото семејство, Филипче рече дека нема сознанија за други хоспитализирани, освен за Зекири.

Ss1

– Се тестираат луѓе во таа група, тој кластер. Дел од резултатите беа готови, дел од тие контакти кои Центарот за јавно здравје ги идентифиукуваше, не само за него, туку и за сите други семејства, четири-пет во таа општина, се делумно готови, а дел ќе бидат готови денеска и со тоа ќе се заокружи три четвртини од тој кластер во таа Општина, изјави Филипче. мд/са/

 

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1