Утрински Весник
Македонија

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.240 дeнари.

Можете да прочитате

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Мистериозна смрт во Битола: Пред да биде пронајден мртов, камера снимила како човек го влече струмичанецот по Широк Сокак

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани