Утрински Весник
Македонија

МОН: Достапна можноста за онлајн нострификакција на дипломи стекнати во странство

МОН: Достапна можноста за онлајн нострификакција на дипломи стекнати во странство
300x250 (7)

Ангел Јанков е млад претприемач и еден од првите во земјава кој преку платформата uslugi.gov.mk ја нострифицираше својата диплома од магистратура по историја и социјални студии стекната во Франција, а преку новововедената електронска процедура на Министерството за образование и наука.

МОН, во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП), а со финансиска поддршка на Британската Влада, како и со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, дигитализираше дел од своите услуги, меѓу кои спаѓа и процедурата за признавање и еквиваленција на образовни квалификации стекнати во странство.

Img 5587

„Оваа нова услуга е вистински пример за тоа како една државна институција може да биде вистински сервис за граѓаните, особено да ги следи потребите на младите. Процедурата е многу едноставна. Со само неколку клика ги пополнив податоците и ги прикачив потребните документи. За кратко време ме контактираа од Министерството за да си ја подигнам нострифицираната диплома“, вели Ангел Јанков.

Сред пандемија, потенцира тој, кога социјалните контакти е неопходно да ги сведеме на минимум, ова е вистинскиот начин за комплетирање на административните процедури со државните институции. Ви препорачувам на сите да ја користите веб страната uslugi.gov.mk и со тоа да дадете придонес кон целосна дигитализација на нашето општество.

Ова е дел од акцискиот план на МОН кој предвидувадигитализација на образованието, односно овозможување на дополнителна можност за сите граѓани кои ќе изберат услугите да ги користат во дигитална форма, односно на поедноставен начин да ја остварат потребната јавна услуга.

„Наша цел е преку можностите кои ги нуди дигитализацијата да овозможиме поефикасни и поквалитетни услуги за сите, а особено за младите кои многу почесто го избираат начинот за онлајн комуникација со институциите. Пандемијата го забрза процесот на дигитализација на образованието и не исправи пред многу предизвици, но истовремено дополнително не поттикна напорно да работиме на развојот на дигиталното образование во земјава. Овој пристап значи и нов квалитет и поголема сигурност, а ваквите мерки и активности ги покажуваат конкретните предности и придобивки за сите. Како Влада и Министерство, заедно со нашите партнери, продолжуваме да вложуваме во дигитален развој со цел да изградиме модерен образовен систем и јавни услуги кои се лесно достапни за сите“, изјави министерка за образование и наука, Мила Царовска.

Покрај нострификација на дипломите од основно, средно и високо образование во странство, МОН воведува електронски уписи во основно училиште, ги дигитализира и конкурсите за стипендии, а со изработениот позадински софтвер се овозможува и електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството.

„Ние сме посветени на поддршка на процесот на дигитализација во јавниот сектор со цел трансформација на постоечките системи со воведување на пофлексибилни начини за пристап до јавните услуги. Целта на нашиот проект е развојот на нови, електронски дигитални услуги кои ќе се користат како модел за понатамошна дигитализација на целокупниот јавен сектор“, истакна Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка наЦентарот за управување со промени.

Процесот на дигитализација на услугите на МОН се реализира со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, кои се партнери во унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на јавните услуги за граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90%

Рамадани: Пендаровски има голема заслуга за напредокот на државата

Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев