Утрински Весник
Македонија

Фактор.бг: Има ли заеднички интерес на Белград и Софија за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт?

N Valkanov Mickoski.jpg

Правејќи анализа на резултатите од првиот круг на претседателските избори, реномираниот бугарски медиум „Фактор“ изрзува дилема дали убедливото водство на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори е резултат на хибридната војна на Русија и на Србија, кои сакаат нашата македонската опозициска партија да дојде на власт.

Спроед Фактор.бг, изборните резултати отвораат многу теми и за бугарското општество.

„Зар не е цел зад прогласите на политичарите за ‘заштита на бугарските национални интереси’ враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и зајакнувањето на проруските партии во Македонија? Дали односите меѓу Бугарија и Македонија не се жртва на руска хибридна војна? Секогаш и секаде гледаме чекори што го зајакнуваат национализмот, а во контекст на ‘бугарско-македонскиот спор’ гледаме како во огледало во двете земји длабоко емотивни теми кои се надвор од потпишаниот договор за добрососедство. И последно, но не и најмалку важно, се појавува и темата за заедничките корпоративни интереси на двете страни“ пишува бугарскиот медиум.

Во текстот понатму Фактор.бг прашува дали покрај македонската длабока држава наколента кон Белград, постои и паралалена македонска бугарска длабока држава?

„Сите во Бугарија беа импресионирани од изјавата на Љупчо Георгиевски за македонската длабока држава и нејзините врски со Белград. Но, дали си го поставивме прашањето – дали постои паралелна македонска бугарска длабока држава? И, ако има, за кого е врзана и дали соработува со македонската длабока држава зависна од Белград, прашува медиумот, потсетувајќи на неодамнешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски со познат бугарски бизнисмен.

„Еден интересен факт од последните денови остана незабележан во бугарското општество – посетата на бизнисменот Николај Валканов (поранешен потпретседател на ‘Мултигруп’ на убиениот Илија Павлов) на Македонија, поточно на ‘Булмак-Злетово’. Не случајно за време на кампањата за избор на претседател Валканов нескриено даде поддршка токму за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, експонент на најжестокиот антибугаризам. Но, поддршка доби и носителот на пратеничката листа од истата партија во ИЕ 3, Драган Ковачки. Веројатно бугарското општество едвај знае дека Драган Ковачки, кој е воено лице и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е санкциониран од НАТО и не може да пристапи до тајни информации на Алијансата. Оваа санкција против него е доволен знак кого поддржува бугарскиот бизнисмен. Во евроатлантските кругови во Македонија, Драган Ковачки е познат како пласирач на лажни вести и лице кое постојано ја напаѓа министерката за одбрана Славјанка Петровска, која ѝ дава безрезервна поддршка на Украина против агресијата на Путинова Русија.

Врските на ВМРО-ДПМНЕ со Мултигруп

Фактор.бг потсетува и на врските на ВМРО-ДПМНЕ со Мултигруп.

„Ретко кој одвнатре што ги следи бугарско-македонските односи не е запознаен дека во минатото првото работно место на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, кој сега се крие во Унгарија, беше во Балканска банка во Скопје. Токму таа беше дел од ‘Мултигруп’. Тешко дека е случајно што за време на владата на Никола Груевски, кој беше и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Николај Валканов ги стекна рудниците ‘Злетово’ и ‘Тораница’ и сега враќа гест кон оваа партија. Посетата на Николај Валканов стана факт веднаш по интервјуто со поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев (многу близок до круговите на поранешната ‘Мултигруп’). Во него тој отворено го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека направил грешка што не дозволил бугарските компании да влезат како инвеститори во Комерцијална банка и во Македонски телеком, а Валканов да го купи металуршкиот комбинат ‘Фени’. За појаснување – Марјан Ѓорчев ова интервју го дава од позиција на советник за стратегија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата. Од наведените факти и околности произлегуваат логичните прашања за кои бугарските граѓани мора да добијат одговор: . Имаше ли барање од владата на Борисов до Заев за бугарски инвестиции во Комерцијална банка, Македонски телеком и ‘Фени’ на политичко ниво? Дали тогашниот премиер Заев можеше позитивно да одговори на овие барања, бидејќи не е сопственик на споменатите деловни субјекти и нема начин да располага со нив? Дали заинтересираната бугарска компанија која тогаш сакаше да се стекне со акции во Македонски телеком е ‘Виваком’ на Спас Русев, зад кој стои руската банка ВТБ и Милен Велчев за кој се вели дека е во исклучително блиски односи со бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски? Доколку Зоран Заев ги одби бугарските деловни барања, дали причината за македонското одбивање може да биде диктирана од сомнежите за поврзаноста на бугарските бизнисмени со Москва?“ прашува Фактор.бг.

Кој го покани Максим Димитриевски на БНТ?

Фактор.бг во анализата пишува и за гостувањето на претседателот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски на бугарската државна телевизија, поставувајќи прашања кој и зошто го организирал таквото гостување.

„Во контекст на дискусијата за поврзаноста на бугарската и македонската длабока држава, не може а да не се постави прашањето – кој и со каква цел го покани поранешниот градоначалник на Куманово и актуелен претседателски кандидат Максим Димитриевски на интервју за државната БНТ? Познавачите на внатрешните процеси во Македонија тврдат дека зад политичкиот проект ЗНАМ на Максим Димитриевски стои претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој има за цел да ја ослабне владејачката СДСМ и да ја доведе на власт просрпската ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, врската на Николај Валканов со ДПС и Ахмед Доган, како и старите врски на директорот на БНТ, Кошлуков, со почесниот претседател на ДПС се јавна тајна. Крајниот ефект од појавувањето на Максим Димитриевски во државната БНТ беше јавно да ја дистрибуира снимката од неговото интервју во текот на целата претседателска кампања, претставувајќи се како херој кој им одржал предавање на Бугарите во центарот на Софија. Веројатно гореспоменатите лица од бугарската длабока држава ги гледаат своите интереси во носењето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Фактор.бг во својата објава веќе го коментираше присуството на Орце Камчев во Бугарија и неговите врски со ВМРО-ДПМНЕ, имајќи предвид дека Камчев е именуван како еден од главните спонзори на оваа партија“ се наведува во текстот.

На крајот од анализата, Фактор.бг се осврнува на Францускиот предлог и уставнте измени во Македонија.

Најголем дел од бугарските политичари денеска тврдат дека со францускиот предлог сме ги заштитиле бугарските национални интереси и ја префрливме топката на Македонија. Но, остануваат сомнежите дека оваа игра за вклучување на Бугарите во Уставот е координирана со ВМРО-ДПМНЕ, која категорично одбива да го смени Уставот. Од друга страна, лидерот на ДСБ, Атанас Атанасов, тврди дека првиот човек на ДАНС е на мислење дека францускиот предлог е закана за бугарските национални интереси, не наведувајќи детали на кој начин и зошто е тоа така. И наместо бугарските политичари да се фалат дека ја префрлиле топката на Македонија, што е признание за немање долгорочна стратегија, тие треба да одговорат на три основни прашања:

1.Дали барањето на Румен Петков и Георги Парванов за анекс на Договорот за добрососедство, врз основа на кој Румен Радев последователно иницираше Рамковен став и дојде до вето, е дел од руската хибридна војна против Бугарија и интересите на Балканот? 2. Дали откажувањето на Бугарија од лидерската позиција на Балканот е во интерес на бугарските национални интереси? 3. Дали доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Македонија е во интерес на бугарските национални интереси? И, ако и бугарските политичари се согласуваат со бугарската длабока држава во однос на ВМРО-ДПМНЕ, треба да објаснат зошто се случува оваа случајност, како и кој е заедничкиот интерес на Белград и Софија за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт“.

Можете да прочитате

Адеми: Силјановска Давкова го погази Уставот уште при првата реченица и создаде криза

Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Пендаровски

Фон дер Лајен ѝ честиташе на Силјановска Давкова за изборот за првa претседателка на Северна Македонија