Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за продолжување на рестриктивните мерки

Комисијата за заразни болести ќе одлучува за продолжување на рестриктивните мерки

Се очекува нова препорака на здравствените власти околу рестриктивните мерки кои беа воведени пред две недели.

Комисијата за заразни болести на состанок треба да процени дали ќе продолжат рестрикциите, врз основа на податоците за епидемиолошката ситуација.

Утре истекуваат забраните воведени во новиот пакет мерки, меѓу кои забраната за движење од 20 до 5 часот и за работата на угостителските објекти.

Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.

Можете да прочитате

Драма во Штип: Багер во четири часот наутро удрил во семејна куќа додека сопствениците спиеле

Николоски: Градскиот воз Драчево–Илинден ќе стартува најдоцна до 1 септември

Опозицијата на крстопат: Време за будење или почеток на политичка маргинализација?