Утрински Весник
Балкан

Илир Мета реизбран за претседател на Партијата на Слобода

20240427205548 Big 730x400 92.webp.webp

На денешната Национална конвенција на Партијата на слободата, за нејзин лидер е реизбран Илир Мета, што според познавачите на состојбите во Партијата не е никакво изненадување.

Со тајно гласање тој доби 690 гласа, а неговиот противкандидат Фаик Баша само 27 гласа. На функцијата потпретседател избрана е Ериса Џиџо, која успеа да добие 680 гласови.

Tој најави пет приорите за, како што рече 4 милиони албански граѓани и повеќе, со цел “да се фрли во ѓубре проектот на актуелната влада за 1 милион жители” обвинувајќи ја директно владата на премиерот Еди Рама за масовната миграција на населението и депопулацијата.

– Кој е со Илир Мета е со мене. Кој не е со Илир Мета, било да е маж или жена, се ракува со Илир Мета и се збогува. Но, кој сонува за манипулации и игри, греши бидејќи Илир Мета ја е ученик на школата на Рамиз Алија, Фатос Нано и Сали Бериша а тоа се школи за соочување со мафијата, изјави меѓу другото Мета.

Најголемо изненадување е што Мета не ја вброи неговата сопруга Моника Круемади во составот на Претседателството.

-Јас гласот го дадов за него. Не ми е сеедно што буквално сум исфрлена од Партијата. По 30 години се повлекувам од политиката, време е да им се посветам на моите три деца, изјави Круемади.

Таа, додека Мета беше шеф на државата, од јули 2017 до јули 2022 година, ја предводеше партијата, тогаш Движење за Социјалистичка интеграција.

По завршување на претседателскиот мандат, Мета, повторно ја презеде лидерската функција и го смени името на партија во Партија на слободата.

Можете да прочитате

Грција „увезува“ работници од Египет

Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на С. Македонија