Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Мицкоски: Во ден кога имаме 535 новозаразени, Заев дели концесии за брат му и братучедот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички.

„Образованието е еден од нашите приоритети кој е значаен не само за поединецот, туку и за унапредување на целото општество. Грижата за сите чинители во овој процес е наша обврска. За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на ковид“, вели Мицкоски.

Сѐ почесто, додава тој, добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Ковид-19.

„Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата“, вели Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За пет часа 59 санкции за возачи на мотоцикли и тротинети во Кочани и Виница

Голема акција на Богородица: Запленети 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот”