Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп

Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на Александар Николоски, оствари средба со холандскиот амбасадор во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, како и за економската состојба и евроинтеграциските процеси на државата.

Претседателот Мицкоски ја истакна својата загриженост за состојбата на државата на економски план, катастрофалното справување на власта со енергетската криза и лошото менаџирање со здравствената криза.

Исто така, на средбата двајцата соговорници разговараа и за евроитеграциските процеси на државата.

Претседателот Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство на државата во Европската Унија, како и дека Македонија е предолго време во чекалницата на Европската Унија и е потребно државата што побргу да добие датум за преговори со Унијата.

На средбата претседателот Мицкоски додаде дека владата не спроведува никакви реформи во правосудството, а Македонија е лидер во Европа по степенот на криминал и корупција.

Исто така, беа потенцирани и добрите билатерални односи меѓу двете земји, како и тоа дека соработката треба да се продлабочи и негува во иднина.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт