Утрински Весник
Свет

Германскиот Бундестаг на 8 декември избира нов канцелар

Германскиот Бундестаг на 8 декември избира нов канцелар

Германскиот Бундестаг во среда на 8 декември ќе избира нов канцелар, соопшти прес-службата на собранието.

До медиумите беше испратена покана за свечена седница на парламентот на 8 декември, а беше откриено и кога ќе биде избран новиот канцелар.

Претставниците на медиумите, како што се наведува, седницата ќе можат да ја следат од местата предвидени за прес, но со акредитација.

Откако коалицијата „семафор“ постигна договор, Ангела Меркел ќе ја замени социјалдемократот Олаф Шолц, поранешен министер за финансии.

Со заминувањето на Меркел, владата ја напушта и нејзината ЦДУ/ЦСУ, бидејќи новата влада ќе ја сочинуваат Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Либералите (Партија на слободата – ФПД).

Можете да прочитате

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург

Тревога во Балтикот: Граѓаните предупредени да се засолнат, полетаа и борбени авиони