Утрински Весник
Македонија

Мисајловски од Куманово: Градот заслужува убави проекти, ВМРО ДПМНЕ нуди сигурна иднина

Мисајловски од Куманово: Градот заслужува убави проекти, ВМРО ДПМНЕ нуди сигурна иднина

Куманово, 27 јуни 2020 (МИА) – Куманово е убав град, има прекрасни граѓани и заслужува позитивни нешта, ВМРО – ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, која ќе се заснова на проекти и обнова, изјави денеска во Куманово, носителот на ИЕ 2 од ВМРО – ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Toj им се заблагодари на граѓаните кои им приоѓаат на кандидатите за пратеници и кои сакаат да ја слушнат понудата на ВМРО – ДПМНЕ која е различна партија од останатите и нуди проекти.

– Додека СДСМ велат дека можат повеќе да работат, јас мислам дека они можат повеќе да крадат, да продолжат со мито и корупција и можат повеќе да не угнетуваат. Затоа ние ќе ја обновиме Македонија и ќе продлжиме со позитивна кампања. Овој град е прекрасен и заслужува убави нешта, позитивни нешта и ние натака оваа кампања ќе ја целиме, изјави Мисајловски.

Носителот на листата во ИЕ 2 вели дека ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди сигурна иднина за секој граѓанин и му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, за, како што кажа, санкционирањето на професионални лица од МВР кои се во партиска кампања.

– Овој ден е поубав бидејќи со мене е и министерот Наќе Чулев е тука во Куманово да си направи свои состаноци, но се разбира еве и имаме можност да бидеме заедно. Јас сакам да изразам и голема благодарност за оние работи што ги слушнав од него, дека силно е ангажиран за сите оние луѓе што се професионални лица во МВР, a што се во партиска кампања да ги санкционира. Јавно сакам да се заблагодарам такви луѓе требаат во државата. Луѓе што се професионалци и што сакаат да има фер и демократски избори, ништо повеќе, изјави Мисајловски.

Тој оцени дека е потребна фер, демократска кампања и изрази уверување во победата на ВМРО – ДПМНЕ.

– Во Куманово има прекрасни луѓе, уметници, има луѓе кои ја промовираат Македонија, еден таков е Тони Михјаловски, мој пријател, кој секогаш кога ќе му кажам дека сум во Куманово доаѓа со мене, и тоа е најважно да си го сакаш местото од каде што си, да си горд и да шеташ по улиците достоинствено. Им благодарам на сите граѓани што ни овозможуваат оваа прилика да бидеме пријатели со нив, и кога ќе завршат изборите повторно ќе бидеме тука да продолжиме да имаме едно убаво општество, добри пријатели, додаде Мисајловски. ам/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал