Утрински Весник
Македонија

Спортски риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион алармираат за загадување на водите на река Брегалница од локални фарми

Спортски риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион алармираат за загадување на водите на река Брегалница од локални фарми

Берово, 27 јуни 2020 (МИА) – Пенлива река и неподнослива реа на измет од животни. Ова е сликата која ја забележаа спортските риболовци од Пијанечко-малешевскиот регион на реката Брегалница, кои велат дека загадувањето е најзабележливо на 20 километри од брана Лошана.
-На околу 20 километри од фармите за свињи водата има неподнослив мирис а се забележува и бела пена во водата. Ова не е прв пат да се труе животинскиот свет во овој дел од течението на река Брегалница. Се трујат рибите без некој да одговара за тоа, велат риболовците.
Сомнежот за загадувањето го поткрепуваат со фактот дека на местата каде нема загадување, водата е бистра и чиста.
-Случајот ќе биде пријавен до надлежните, од каде очекуваме разврска и санкционирање на загадувачите, додаваат риболовците.
Надлежните најавија зајакнати контроли долж целото речно подрачје, со цел утврдување на фактичката состојба на терен. вс/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со специјално возило пресретнувач санкциониран возач кој возел со 179 км/ч на пат каде е дозволено 80 км/ч

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите

Реномирано меѓународно жири ќе одлучува за наградите од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Преку езерото“