Утрински Весник
Македонија

Министерот Димитров во посета на Чешка

Шефот на дипломатијата Димитров на 56. Минхенска безбедносна конференција

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Чешка.

Како што информираат од МНР, за денеска се предвидени билатерални средби со чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек, со претседателот на Долниот дом на Парламентот Радек Вондрачек и со државната секретарка за европски прашања Милена Хрдинкова, како и учество на панел дискусија во Институтот за Европска политика – ЕУРОПЕУМ.

Димитров утре ќе учествува на годишниот состанок на Министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и државите од Западен Балкан – WB6, што се организира во рамки на Чешкото претседавање со Вишеградската група. Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на Министрите и претставниците на ЕУ институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси на Регионот. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека

Сончево и топло, попладне можен краткотраен дожд

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката