Утрински Весник
Македонија

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања

Мешовитата комисија на Скопје и Софија не постигна напредок за историските прашања, а прашањето за Гоце Делчев не било ниту отворено иако било на дневен ред, соопшти Министерството за надворешни работи.

Изминатите два дена Комисијата ја одржа 12. средба. Според предложениот дневен ред за работа, тема на дискусија беа прашањата поврзани со изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

„Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието. Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики. Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред“, соопшти МНР.

Дискусијата по овие теми ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ