Утрински Весник
Македонија

Мајката на Пино: Се надевам до крајот на судењето ќе ѝ дадат доживотен затвор

Мајката на Пино: Се надевам до крајот на судењето ќе ѝ дадат доживотен затвор
Ss2

По одново донесената 19-годишна затворска казна за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство во убиството на Пино Секондо, реакција имаше мајката на убиениот, Маја Трпковска. Таа се надева дека во текот на судењата на повисоките судови, на неправосилно осудената ќе и биде изречен доживотен затвор.

„Се надевам дека до крај на судењето ќе и дадат доживотен затвор. Јас не застанувам тука“, напиша Трпковска.

Ss1

Мајката на Пино реагираше и при укинувањето на пресудата за Ѓорѓиевска, кога напиша: „Вода во пустина ќе најдеш ама Правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија“.

Кривичниот суд повторно и изрече затворска казна од 19 години на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино Секондо. Ова е практично иста казна како што и претхдно и беше изречена, а Апелација ја укина и го врати предметот на повторно судење. Адвокатот Sвонко Давидовиќ кој ја застапува Ѓорѓиевска пред судот, тврди дека без ниту еден доказ, туку врз основа на како што посочи: „ти реков, ми рече“ е донесена пресуда по предметот. Според него, не е постапено по напатствијата дадени од Апелација, од каде посочиле дека материјалните докази не го потврдувале извршеното дело.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај