Утрински Весник
Економија

Марковска: Ветивме зголемување на платите во сите сектори во период од шест месеци и тоа ќе го направиме

Ss2

Ние сме ветиле дека ќе ги зголемиме платите и во администрацијата, во период од шест месеци и ние тоа ќе го направиме со измени во законот, исто како што направивме со зголемување на минималната плата на 18.000 денари, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска во рамките на расправата посветена на ребаланост на Буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Марковска нагласи дека ова е предвидено со покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и ја повика опозицијата да не ја замајува јавноста и дека граѓаните го чекаат усвојувањето на ребалансот.

300x250 (7)

Бидете колегијални и коректни во целата оваа ситуација, соработувајте ако мислите дека треба да им излеземе в пресрет, и ние како парламентарно мнозинство и вие како пратеници од опозицијата на граѓаните кои го чекаат ребаланост, во кој има многу мерки за помош во ситуацијата во којашто се наоѓаме, нагласи Марковска.

Пратеничката на СДСМ Даниела Марковска истакна дека СДСМ работи за поддршка на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ се тие што две години ги блокираат и работата на комисиите и законите, поттикнуват омраза, во оваа најсериозна ситуација во Европа со економската крза, и додека граѓаните чекаат пош пратениците од опозицијата иницираат актвини и пасивни блокади.

Ss1

Можете да прочитате

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница