Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Во фокусот на МОН е да креира реформи за спречување на „одливот на мозоци“

„Одливот на мозоци“ стана тажен рефрен на Западен Балкан, каде многу млади ги негуваат своите соништа за живот и работа во странство. Велам дека надвор од тоа, ова е глобален феномен, но кога ги погодува малите земји кои се уште се во развој, последиците се повидливи и почувствителни во сите сегменти на општественото живеење.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на тркалезната маса на тема „Враќање на мозокот во татковината“, организирана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“.

– Морам да кажам дека во фокусот на Министерството за образование и наука е да креира реформски процеси со сериозно пристапување кон оваа појава, бидејќи преку изградба на квалитетен и перспективен образовен систем, поддршката на талентите и мерките за усогласување на профилите и образование за потребите на пазарот на труд придонесуваме за создавање на најдобри услови и стандард на живеење овде во нашата земја, рече министерот.

Сметам, потенцираше тој, дека треба почесто да зборуваме за причините за останување во татковината, како и да разговараме за начините за враќање на искусните кадри, со цел да се создаде попозитивна и понадежна клима за идните генерации.

– Кога на нешто му пристапуваме како проблем или како предизвик, треба да се обидеме да најдеме алтернативи за да понудиме решенија, додаде Шаќири.

Можете да прочитате

34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

173 санкции за брзо возење

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи