Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Неопходно е унапредувањето на фискалната децентрализација за да им се овозможи на општините потребната самостојност

Во рамките на проектот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ денеска беа презентирани успешните меѓународни и домашни практики за ефективно собирање на општинските приходи од сопствени извори.

На настанот се обрати Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и го сподели ставот на ЗЕЛС во однос на планирањето и наплатата на сопствените приходи, особено за администрирањето на данокот на имот.

– Позитивните реформи за зголемување на степенот за децентрализација можат да создадат добра основа за креирање на уште поповолни политики кои влијаат на добро локално владеење, но и се добредојдени во насока да го зајакнат гласот на единиците на локална самоуправа во креирањето на националните политики. Заложбите на ЗЕЛС се подобрување на функционалноста на локалната даночна администрација и зголемување на наплатата на приходите од сопствени извори. Воедно унапредувањето на процесот на фискална децентрализација, е неопходно со цел да им се овозможи на општините потребната самостојност во делувањето, но и поголема самостојност во реализација на проекти во интерес на граѓаните – истакна Арсовска.

Во рамките на проектот на УСАИД „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“, Градот Скопје се приклучи во кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“ – До подобри општини, со навремено подмирување на данокот на имот.

– Кампањата за подигнување на јавната свест за потребата и придобивките од навременото подмирување на данокот на имот со цел добивање на ефикасни и квалитетни услуги од единиците на локална самоуправа досега има позитивен ефект, а наплатата на данок на имот во изминатиот период е значително подобрена. Градот Скопје ги поддржува сите добри иницијативи и проекти кои ќе придонесат за финансиско зајакнување на општините, чија крајна цел е зголемување на квалитетот на услугите кои ги нудиме и подобрување на животот на нашите граѓани. – истакна Арсовска.

На настанот присуствуваа градоначалници и претставници од 40 партнер-општини на проектот, претставници од донаторската заедница, како и претставници од Министерството за финансии, Министерството за локална самоуправа и други релевантни институции.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“