Утрински Весник
Македонија

Маричиќ по средбата со Хан: Има надеж годинава да ги започнеме преговорите за членство

Маричиќ по средбата со Хан: Има надеж годинава да ги започнеме преговорите за членство

Во рамки на посетата на Брисел, министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба и со еврокомесарот за финансии, Јоханес Хан, на која разговараа за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите.

Во Европската унија има подготвеност конкретно да го помогнат овој процес кој ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок, информираат од ресорното министерство.

Како што е предвидено, треба да се дигитализираат над 100 судови во земјата.

„Добивме поддршка за овие потфати со разгледување на можностите за поголема финансиска помош во делот на дигитализацијата и во делот на зајакнување на администрацијата на судството. Ги дискутиравме сите актуелни моменти во однос на спроведувањето на процесот на набавка на вакцините, но и за тоа како побрзо да се отворат преговорите за државите од Западен Балкан. Добивме поддршка за сите напори, добивме гаранција дека ЕК ќе продолжи со конкретна поддршка на Северна Македонија“, истакна Маричиќ.

Министерот за правда посочи и дека има силна поддршка и надеж, оваа година да се отворат и почнат преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО